SANOSS 
         
         традиција 
        во континуитет!
        
             Корените 
        на фабриката 
        за автобуси 
        и возила "SANOS" 
        - Скопје датираат 
        уште од 1930 година, 
        кога фабриката 
        била работилница 
        за репарација 
        и производство 
        со повеќе од 
        30 работници. 
         
             Самата фабрика 
        е формирана 
        1946 година како 
        државна фабрика 
        под името ФАС 
        "11-ти Октомври" 
        АД Скопје. ФАС 
        зафаќа површина 
        од 142.000 м2 со погони 
        за производство 
        и сервис, административни 
        згради, складишта, 
        хали и комплетна 
        инфраструктура. 
         
             Големиот 
        труд и ентузијазам 
        на комплетниот 
        тим од производство 
        и менаџмент 
        допринесоа 
        со време фабриката 
        да се трансфомира 
        во една од најголемите 
        производители 
        на автобуси 
        и возила во Европа 
        и на глобално 
        ниво. 
             Под заштитената 
        марка "SANOS", во 
        фабриката биле 
        произведувани 
        сите типови 
        на автобуси, 
        средни автобуси, 
        возила, специјални 
        аеродромски 
        возила и тролејбуси 
        со кооперанти што успешно 
        траеше сè до 
        2001 година кога 
        производството 
        привремено 
        беше стопирано. 
         
             Во Април 2004, 
        "UNITIRES" ја купија 
        фабриката и 
        благодарејќи 
        на искуството 
        на сопственикот 
        и интересот 
        во производство 
        во авто-мото 
        индустријата, 
        фабриката беше 
        брзо рестартирана 
        под новото име 
        – Фабрика за Автобуси 
        и Возила "SANOS" 
        и производството 
        беше обновено 
        и модернизирано 
        постигнувајќи 
        квалитет кој 
        може да се мери 
        со најновите 
        светски стандарди 
        во производство 
        на автобуси 
        и возила. Производството 
        е главно водено 
        од софистицирана 
        електроника 
        што овозможува 
        лесно управување 
        и контрола на 
        целиот систем. 
         
             Користејќи 
        го искуството 
        и знаењето приобиено 
        низ повеќе декади 
        при постоењето 
        на фабриката 
        и соработката 
        со Mercedes-Benz започната 
        уште од 1967 со лиценциран 
        договор за техничка 
        и технолошка 
        соработка, нашата 
        компанија продолжува 
        да произведува 
        моќни возила 
        во кои се имлементирани 
        најновите достигнувања 
        во големото 
        поле на јавниот 
        сообраќај. 
         
             Со еден збор, 
        ние се осмелуваме 
        да кажеме дека 
        во зависност 
        од режимот на 
        работа и патните 
        услови, нашите 
        автобуси и возила 
        обезбедуваат 
        висока сигурност 
        при користење, 
        мала потрошувачка 
        на гориво, комфорт, 
        трајност, лесно 
        одржување и 
        задоволство 
        при возењето.  |